eTwinning проект Joyful Math
Детската градинка „Орце Николов“ – Скопје, Република Северна Македонија се вклучи во eTwinning проектот JOYFUL MATH со групата Јаболчиња, деца од 4-5 години, водени од воспитувачот Лилијана Илиевска.
Децата со голем интерес преку игри учествуваа во планираните активности. На крајот од проектот евидентно е дека математичките способности и вештини на децата се наоѓаат на повисоко ниво. Проектните активности овозможија децата да ги препознаваат графичките симболи (цифри) на броевите од 1-5, да бројат до 10, да поврзуваат различни количества елементи со соодветниот број (од 1-5), да образуваат шаблони, да користат едноставни математички операции во практични ситуации , да користат дигитални алатки при решавање на едноставни математички проблеми прилагодени на најраната возраст, да ја подобрат концентрацијата, вниманието, да стекнат позитивни особини на личноста: иницијатива, трпение, упорност, љубопитност, прецизност.
Целиот проект претставува пријатно животно искуство за децата.