Креативен центар
Let’s Learn Through Art-eTwinning проект, децата од група Јаболчиња, објект Први стапки, градинка ЈУОДГ “Орце Николов” – Скопје.
Петти дел – Креативен центар во просторијата за учење.
На четири шаблони од стебла на дрвја, залепени на светло-кафен хамер, децата ги лепат концентрично поставените кругови во нијанси на бојата карактеристична за секоја сезона. Инспирирани од рускиот уметник В. Кандински, децата креираат ликовна творба „Годишни времиња“ претставувајќи ги четирите годишни времиња преку промените на дрвјата во текот на годината.