Нашата гондола
Децата од групата Пеперутки, објект Први стапки, во рамките на проектот “Патување низ Италија” се возеа со гондола и со тимска работа изработија сопствени накосени кули. Гондолата е традиционален, долг, тесен и елегантен чамец што се користи за превоз низ каналите на Венеција, Италија, а управувани се од гондолиери, користејќи само едно весло. Накосената кула во Пиза е една од најпознатите светски знаменитости која привлекува милиони туристи секоја година и се наоѓа на Плоштадот на Чудата. Кулата е симбол на италијанската историја, уметност и инжинерство и е една од најфотографираните локации во светот.
