Патуваме за Италија
Децата од нашата градинка оваа година ќе патуваат низ светот и ќе се запознаваат со различни земји. Преку забавни, интересни и креативни активности во текот на наредниот период ќе се запознаваат со обележјата, карактеристиките и специфичностите на една земја.
Децата од групата Пеперутки, објект Први стапки, започнаа со реализирање на проектот “Патување низ Италија”. Преку активностите “Знамето на Италија” и “Патуваме за Италија со пасош и авион“ и преку интересни содржини, интерактивни и забавни детски игри, се запознаа со земјата Италија.