Редуцирај. Селектирај. Рециклирај
Нашата градинка беше домаќин на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај.”, организирана од Центарот за одржлив развој „Алка” преку проектот „Зелен раст за одржлив развој“ спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест.
Децата од групата Бувчиња, објект Први Стапки се запознаа со значењето и убавината на рециклирањето, како да ги селектираат и рециклираат материјалите, и како тие материјали можат ги претворат во уметнички дела. Оваа активност им помага да развијат почит кон животната средина за што им помогнаа младиот актер Кристијан Ѓоргиев и уметникот Анета Божинова.