Групата Мечиња од објектот Бисерчиња ги истражуваа зимзелените и листопадните дрвја во дворот на нашата градинка. Истражувачката активност подготвена од педагогот и психологот во рамки на проектот „Занимална на отворено“ го привлече вниманието на децата и ја поттикна нивната љубопитност. Многу прашања, експериментирање, интересни одговори и тимска работа. Забавно е кога сме надвор и ја истражуваме природата.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.