Денес групата Јаболчиња, објект Први стапки, во рамки на проектот Занимална на отворено го уредуваа Еколошкото катче во градинката. Многу дружење, насмевки, игра и активности надвор во нашето Eко катче, каде секое дете имаше можност да учествува во украсувањето со садење на цвеќиња и боење на камчиња во разновидни бои. Прекрасна можност на децата за игра на отворено, развивање на креативноста како и развивање на одговорноста за грижа на природата и опкружувањето.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.