Клучот Анх
Во рамките на проектот „Магичниот Египет“ децата од групата Пеперутки, објектот Бисерчиња, преку техниката моделирање го обликуваа клучот Анх, истражувајќи ја неговата форма и значење во египетската култура. Исто така со техниката боење, внимателно ги претставуваа деталите на богот Анубис, избирајќи бои што го одразуваат неговиот карактер и улога како заштитник на душите, а притоа се запознаа со симболиката на богот Анубис и значењето на клучот на животот – Анх.
