Професија маркетинг директор
Во објект Бисерчиња, групите Пеперутки и Мечиња, имаа можност да се запознаат со професијата – Генерален маркетинг директор за креативни технологии. Мајката на Стефани ја престави својата професија и областите во кои работи како и образовната програма, што беше особено интересно за децата.
Преку интересен разговор и примери од нејзината работа, ги мотивираше децата да размислуваат за својата иднина, да сонуваат големи соништа и секогаш да ја задржат радоста на учењето. Нивното внимание и радост покажаа дека ваквите средби се вистинска инспирација за најмалите!