Квиз Бамбини
Група Пеперутки од објектот Бисерчиња учествуваше во забавната и едукативна активност Квиз „Бамбини“, реализирана од страна на Детски културен центар – Карпош.
Настанот се одржа во просториите на градинката, а децата се натпреваруваа во мешани тимови преку квиз прашања и интересни игри, како што се: Полигон со кош, Полигон со гол, Прашања за здрава исхрана и детска анатомија, Игри за концентрација и почетен англиски јазик.
Целта на активноста беше преку игра да се поттикне љубопитноста, логичкото размислување, тимската соработка, физичката активност и развојот на комуникациските вештини кај децата.
Децата беа радосни, мотивирани и целосно вклучени во сите активности, при што покажаа одличен тимски дух, знаење и креативност.