Оглас за пријавување на обука
За потребите на проектот „Истражување на моќта на игрите за поттикнување на креативноста и инклузивноста во градинката“ добиен од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност од Еразмус Програмата на KA122-SCH – Краткорочни проекти за мобилност на учениците и персоналот во училишното образование (KA122-SCH) се објавува интерен оглас за вработените на ЈУОДГ „Орце Николов“ за пријавување на обука во рамките на проектот која ќе се одржи во месец март 2025 година со траење од 7 дена обука и два дена пат во Република Турција. Целта на обуката е да им обезбеди на воспитниот кадар алатки кои им се потребни за да дизајнираат ангажирани едукативни игри за различни теми и активности. Оваа обука ќе им помогне на учесниците да развијат и теоретско и практично разбирање за употреба на стратегии за ”Учење преку игра”.
Заинтересираните лица да достават Мотивационо писмо на англиски јазик до 31.01.2025 година до 14.00 часот во архивата на градинката.