Децата од предучилишните групи во нашата градинка, од објектите Први стапки и Бисерчиња, имаа можност да ги посетат основните училишта „Петар Поп Арсов“ и „Лазо Трповски“. Едукативната посета беше со цел подготовка за полесна транзиција на децата од градинка во училиште, да се запознаат со училишната средина и училниците, како и со учениците и наставниците и пријателската атмосфера што ги очекува во септември.
Голема благодарност до основните училишта.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.