Мојот град
По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, децата од големите групи “Облачиња”, “Сонце” и “Цветови” објект Први стапки, реализираа едукативна прошетка низ строгиот центар на градот.
Релација на прошетката: Стара железничка станица – Улица „Македонија“ – Спомен-куќа на Мајка Тереза – Плоштад “Македонија” – Археолошки Музеј на Македонија – Камени мост – Стара чаршија – Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Активноста беше прекрасна можност децата да ги запознаат историските и културните знаменитости на Скопје и да развиваат љубов и гордост кон својата татковина.
