Назар – Фатимино око
Нашите мали истражувачи продолжуваат со возбудливото патување низ Турција! Во рамки на проектот „Откривање на Турција – патување за малите истражувачи“, беа реализирани креативни активности. Децата од групата Јаболчиња, објект Први стапки, инспирирани од познатата турска раса на мачки-ангора, со изработка на бело маче од памук на хамер, вежбаа прецизност, координација и имагинација, а со боење на камени плочки со акрилни бои, создадоа свои Назар амулети-Фатимино око, развивајќи чувство за композиција, боја и значењето на симболите во различни култури. Додека пак користејќи ја дигиталната алатка Colorillo, децата ги илустрираа лалињата, симболот на Турција, при што стекнаа искуство во дигитално сликање и слободно изразување.
Видеата можете да ги погледнете на следните линкови: