Децата од групата Штурчиња, објект Ѕвездички, го продолжија патувањето за Швајцарија. Во текот на изминатиов период во рамките на проектот децата ги подготвија пасошите и визите при што се мотивираа да осознаат повеќе за ново и различно. Се запознаа со езерата, планините, зелените пасишта, млечната чоколада, алпскиот рог, цветниот часовник, касичката за пари, Хајди во алпските планини и уште многу други работи.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.