Децата од групата Сонце, објект Први стапки во рамките на проектот “Да и кажеме здраво на Полска” се запознаа со богатата традиција на оваа земја, полските „wycinanki“ – прекрасни симетрични парчиња хартија во само една боја, полската традиционална облека, полската кујна и пиерогите, медењаци, џинџербред, како и со керамиката во Полска која е позната по различните шари кои ги красат садовите. Се запознаа и со Фредерик Шопен еден од најголемите композитори на сите времиња, чиишто музика ја носи душата на Полска.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.