Ја запознаваме Јапонија
Во рамки на едукативните активности во нашата градинка, децата од групата Облачиња, објект Први стапки реализираа активности во склоп на проектот „Ја запознаваме Јапонија“, а со цел да се поттикне нивната љубопитност и да се запознаат со различни култури. Го запознаа јапонското знаме и преку цртање и креативни активности го репродуцираа неговиот препознатлив дизајн. Децата ја истражуваа географска положба на земјата, се запознаа со дел од јапонските обичаи при што се поттикна нивната креативност, љубопитност и способност за културна свест.