Оригами
Децата од групата Облачиња, објект Први стапки во склоп на проектот „Ја запознаваме Јапонија“, реализираа активности кои поттикнуваат креативност, фина моторика и интеркултурна свесност. Изработија оригами – традиционална јапонска уметност на преклопување хартија со што се развиваше нивната прецизност, трпение и концентрација. Се запознаа со неколку основни јапонски знаци (хирагана/катакана), со што се поттикна интересот за различни писма и јазици, а исто така изработија свои уникатни лепези, запознавајќи се со нивната употреба во јапонската традиција.