Патуваме низ Полска
Децата од групата Сонце, објект Први стапки, во рамките на проектот “Да и кажеме здраво на Полска”, патуваа низ градовите и знаменитостите низ мапата на Полска. Во главниот град Варшава се запознаа со легендата за Варшавската сирена, реката Висла, златната патка и Замокот Острогски. Продолжија за Краков каде што се запознаа со змејот Вавел, неговото дувло и фигурата на змејот што дише оган во спомен на херојското дело и мудроста на чевларот. Следеа краток филм за козите од Познан и приказната за Познањските кози. Следеше посета на Волцвавек и се истражија џуџињата кои се повеќе од 300 и се наоѓаат на различни локации во градот. Патувањето заврши со Торун, каде децата се запознаа со Торунската крива кула и заљубениот витез.
Изразуваме благодарност до Полската амбасада во Скопје за сликовниците и материјалите со кои ова патување го направија полесно, поинтересно и забавно.