Колажот на Швајцарија
Децата од групата Штурчиња, објект Ѕвездички, во рамките на проектот „Ја запознаваме Швајцарија“ продолжија со запознавање на убавините на Швајцарија. Се запознаа со цветниот часовник во кој изборот на цвеќињата зависи од годишното време, швајцарските часовници познати во целиот свет, алпскиот рог кој го користеле овчарите и се објавувале разни настани со него, најубавата млечна швајцарска чоколада, пазарот на кромидот кој се одржува четвртиот понеделник во месец Ноември во Берн, Хајди прекрасното девојче од алпските планини, касичката за пари каде луѓето од целиот свет штедат, како и со Црвениот крст со седиште во Женева чија организација им помага на сите кои им е потребна помош. Притоа децата се забавуваа и стекнаваа нови авантури.