Музиката од Шпанија
Децата од групата Бубамари, објект Ѕвездички, во рамките на проектот „Патуваме во Шпанија“, преку разни нагледни средства се запознаа со црквата Sagrada familija, нејзиното значење, како настанала, нејзиниот внатрешен и надворешан изглед. Ги проширија и знаењата за кастањетите, научија од што се прават како се користат и каков звук испуштаат. Се запознаа и со гитарата која исто така е автентична за оваа земја, слушаа шпанска музика и танцуваа. Преку овие активности кај децата се поттикна креативноста, фината моторика, љубопитноста, како и когнитни вештини.