Од зрно до плод

Во рамките на проектот „Здрава храна“ децата од групата Мечиња од објект Карпош 4, во месец ноември, преку практична работа и интересни активности се запознаа со процесот на садење, а исто така пробуваа разни вкусови. Целта на активностите е да се збогати сетилно искуство преку истражување, мирисање и вкусување на храната.