Што тежи повеќе, а што се лепи на магнетот?

Децата од групата Бубамари од објект Карпош 4, во месец ноември во рамките на проектот „Истражуваме и откриваме - истражувачки игри во градинката“ преку истражувачки активности се поттикнаа кон активно учење низ проекти, ја развиваа способноста за искористување на играта и игровните активности во функција на учење и откривање и се оспособуваа за препознавање на својствата на предметите.