Размислувај еднакво

Воспитниот кадар од нашата градинка учествуваше на вебинар, со цел зајакнување на професионалните компетенции на вработените, преку програмата „Основи на социјална кохезија и културен дијалог“. Вебинарот е организиран од Министерство за труд и социјална политика и Биро за развој на образование, во соработка со УНИЦЕФ. Воспитувачите се запознаа со начинот на реализација на сликовниците од едицијата „Размислувај еднакво“, кои се од особено значење за социоемоционалниот развој на децата.