Еко-кодекс

Во рамките на проектот „Екологија со Еко-Опоменко и Еколина“ децата од групата Бубамари од објект Карпош 3, во соработка со родителите го изработија Еко-кодексот, еколошките пораки и одбраа своја Еко-химна. Децата се поттикнуваат да ја прифатат екологијата како дел од современиот начин на живот и да учествуваат во активности од еколошка природа.