Ајде да си играме

Децата од групата Мечиња од објект Карпош 3 во рамките на проектот „Детето и игрите“ изминатиов период имаа забавен период преку спонтаните игри и игрите со правила. Преку различните видови на игри и игровни активности децата го осознаваа светот околу себе, на пријатен и интересен начин ги развиваа сознајните и когнитивните способности, ги искажуваа емоциите на различни начини, другаруваа и притоа градеа квалитетни социјални односи со децата.