Октопод и ракче

Децата од групата Јаболчиња од објектот Карпош 3 во рамките на проектот „Подводни изненадувања“, во месец декември, се запознаа со ракчето и октоподот. Целта беше да се поттикнат кон разни видови креативности и да се оспособат за препознавање на животните според местото и условите на живеење, ползата од нив како и начините за безбедно однесување.