Детски изработки од хартија што се рециклира

Децата од групата Пајчиња од објект Карпош 4 во рамките на проектот „Рециклирање“ преку рециклирање на хартијата се поттикнаа да ја користат својата креативност во секојдневните ситуации и да развиваат способности за користење различни материјали, предмети и други достапни ресурси за искажување на сопствените креативни идеи и чувства.