Посета на полициска станица

Денес децата од Групите „Пеперутки“ и „Бубамари“, објект Карпош 2 беа во посета на полициска станица Карпош. Прекрасно доживување, дружење, љубопитност и запознавање со една од најинтересните професии за децата, полицаец.
Голема благодарност до полициските службеници во полициската станица Карпош, кои практично им објаснија на децата што подразбира оваа професија и со какви предизвици се соочуваат тие.