Посета на Кинотека

По повод 5-ти Мај - „Денот на македонскиот јазик“, децата од големите групи - „Први стапки“, беа во посета на „Кинотека на РСМ“. Таму проследија анимиран филм „Азбуката на Биби“, повторувајќи ги и утврдувајќи ги буквите од македонската азбука.