Завршна приредба група Зајачиња објект Бисерчиња

Традицијата е богатство кое треба да се негува, да се почитува и сака со целото свое срце. Традицијата е олицетворение на сето богатсво што може да го впие една земја. Таа треба да се негува од мали нозе, па затоа децата од групата „Зајачиња“ - објект Бисерчиња во текот на целата година работеа, се запознаваа и твореа на темата „Традицијата во РСМ – храна и обичаи“ а преку завршна приредба го покажаа сето она што го врежавме во нивните срца.