Размислувај еднакво

Големите воспитни групи во нашата градинка, од објект „Први стапки“ и „Бисерчиња“ во рамки на проектот Размислувај еднакво, ги обработија сликовниците „Неверојатната Пипи“ и „Здрави умови“. На интересен и креативен начин децата се запознаа со вештините на градење самодоверба, самопочит, начини на спријателување како и поставување и остварување на своите цели.