Моите чудни прашања

Децата од групата Бубамари, објект Први стапки, во рамките на проектот „Моите чудни прашања“ имаа прашања:
- Зошто лисјата во есен ја менуваат бојата?
- Како се создаваат дождовни капки?
- Зошто дува ветер?
Со спроведените интересни и практични активности децата се оспособуваа за користење на конкретно набљудување, да решаваат проблемски ситуации, изведуваат експерименти, да истражуваат, учат и играат.