Фудбал за сите

Во рамките на проектот „Ајде да си играме - Спорт и видови спортови“ децата од групата Зајчиња од објект Бисерчиња, во месец ноември се запознаа со екипните спортови, ставајќи акцент на фудбалот и со опремата која е потребна за да може едно дете да тренира фудбал.
Децата имаа можност да го посетат Фудбалскиот клуб „Карев“ да видат како изгледа еден тренинг на фудбалски терен со тренери Велимир Новевски и Петар Мишевски.
Голема благодарност до ФК „Карев’ и до тренерите.
Воспитувач: Елена Зафировска
Неговател: Сабине Јакимова