Преку вежби до здраво тело

Децата од големата група Бубамари, објект Први стапки, учествуваа во проектот „Вежбамe и се забавуваме – Корективна гимнастика, деформитети и нивна корекција“ на педагогот по физичко образование Оливера од нашата градинка. Децата се запознаа со важноста на физичката активност и правилниот начин на држење на телото и научија повеќе за кифозата или подгрбавување во горниот дел на рбетот, изработија вежби за негова корекција во кои се користеа топка и стапче, како и забавна игра во која се активираше целото тело.