Емоции мои во различни бои

Ги поттикнуваме и развиваме емотивните вештини кај децата, низ проектот на психологот од нашата градинка, „Емоции мои во различни бои“. Овој пат инспирирани од прекрасната книга „Ѕверче од бои“, децата од групата „Бубамари“, објект Ѕвездички, ги истражуваа, препознаваа и именуваа емоциите, поврзувајќи ги со боите. Прекрасен ден исполнет со голем интерес, љубопитност, многу игра, забава и ликовни активности. Сите емоции се добредојдени во шарениот емотивен свет на децата!