Храбриот орел

Во рамките на проектот „Светот на птиците“ децата од групата Мечиња, објектот Ѕвездички, во месецот јануари имаа креативни активности за пингвините и птиците грабливки. Се грижеа и ги хранеа птиците во блиската околина, го збогатија знаењето и се поттикнаа на процес на осознавање на одредени основни фактори и услови за опстојување и развој на живиот свет.
Воспитувач: Анкица Крстевска
Неговател: Снежана Миновска