Твојот фантастичен еластичен мозок
Вто, 28/2/2023
Низ презентација на книгата „Твојот фантастичен еластичен мозок-растегни го, обликувај го“, групата Мечиња, објект Први стапки, заедно со психологот Ценче се запознаа со интересни податоци за улогата на мозокот, како еден од главните органи во нашето тело. Работилницата вклучи активности кои овозможуваат препознавање и именување на емоциите. Најинтересни за децата беа техниките за дишење како алатка за емотивна регулација кои ја поттикнуваат и развиваат нивната емотивна компетентност.