И аеробикот, и џудото е за сите

Во рамките на проектот „Ајде да си играме - Спорт и видови спортови“, децата од групата Зајчиња од објект Бисерчиња, се запознаа со аеробикот и џудото. Аеробикот ги комбинира ритмичките аеробни вежби преку растегнување и тренинг за сила, и аеробик вежбите со децата ги држеше нашиот педагог по физичко воспитание и образование Оливера, која истовремено е и лиценциран тренер по аеробик.
Во џудото, како боречки спорт, натпреварувачите против своите соперници не се служат со техника на удирање, туку со фрлање и зафаќање. Со џудото децата се запознаа преку тренерот Горан Мицковски од Џудо клубот „Ипон“. Децата имаа забавна и интересна презентација, а потоа и активно учествуваа во вежбите.
Голема благодарност до тренерот Горан Мицковски од Џудо клубот „Ипон“.
Воспитувач: Елена Зафировска
Неговател: Сабине Јакимова
Педагог по физичко воспитание и образование: Оливера Димовска Иљовска

Фотографиите и видеото можете да ги погледнете на следниот линк: