Во козметички салон

Децата од групата Мечиња 5-6 год од објект Први стапки, денес беа во посета на центарот за убавина NORA BEAUTY каде се запознаа со различните видови третмани кои ги нуди нивниот салон како масажа, депилација, третмани за разубавување, чоколадна масажа и релаксација. Голема благодарност до мајката на Ана - Елена за нејзината несебична посветеност, внимание и трпение со кое ни ја претстави својата професија.