Етнолошки музеј

Групата "Пајчиња" 5-6 год. објект Бисерчиња беа во посета на Етнолошкиот музеј. Проучување, зачувување и промовирање на етнолошкото културно наследство на нашата земја е главен приоритет на музејот. Преку неговото изложување, објавување и организирање на едукативни активности, децата имаа можност да се запознаат со народните носии, архитектура, музички инструменти, народни ткаеници, метални и дрвени покуќнини, народен накит и занаети, народното стопанство и грнчарството во Македонија.
Голема благодарност до родителот Ерика Мукаетова за големото задоволство кое ни беше пружено како и за гостопримството на Етнолошки музеј.