Шарениот паун

Преку креативни и интересни активности, децата од групата Мечиња, објект Ѕвездички во рамките на проектот „Светот на птиците“, се запознаа со птиците во Македонија, корморанот и паунот. Децата се поттикнаа на користење различни форми и извори на информации, како и се поттикна формирањето на иницијативност, трпеливост, истрајност, љубопитност, прецизност како особини на личноста.