Професија новинар

Децата од група „Бубамари“ - објект Први стапки беа во посета на Телевизија „Канал 5“ за да се запознаат со новинарската професија. Имаа можност да видат како изгледа студио - камера - режија - „глува соба“ - како е да се биде новинар. Благодарност до новинар Милена Антовска, целиот тим на ТВ Канал 5 и родител Сања Јованова.