Вежбаме и се забавуваме

Педагогот по физичко образование Оливера во рамки на проектот „Вежбаме и се забавуваме – корективна гимнастика деформитети и нејзина превенција“, заедно со децата од групата Зајчиња, објектот Бисерчиња, правеа вежби за вдлабнати гради. Иако вдлабнатите гради најчесто се последица на генетски фактор, децата правеа вежби за дишење и правилно држење на телото.
Се дуваа балони, топчиња, чашки и децата преку игра научија правилно да дишат.