Креативни и забавни игри
Чет, 04/5/2023
Креативни и забавни игри со кинетички песок. Група „Бубамари“ - објект Први стапки имаа можност во Еколошката училница да играат, да се забавуваат, да истражуваат што можат да креираат со кинетички песок. Благодарност до родител Кирил Ачкоски за оваа донација. Користењто на кинетичкиот песок кај децата овозможува да ја зголемат сензорната свесност, помага во регулирањето на емоциите, да го користат како алатка за учење за да сфатат како гравитацијата влијае врз песокот, како силата влијае врз движењето и други основни концепти.