Саем на книга

Саем на книгата, учеството во едукативната работилница и настапот на малите промотори - група Бубамари - „Први стапки“.
Беше промовирана прекрасната книга за деца „Чудесен дар во годишен календар“ од писателката м-р Ели Маказлиева, книга наградена со престижната награда „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца во 2022 година.
Сите деца добија подароци од Едукамак а на првонаградените им беа врачени дипломи за ликовниот конкурс „Мали креативци“.