Ѕвездена ноќ

Интересен начин на истражување на емоциите низ боите на ликовните дела на еден од најпознатите уметници во светот, Винсент Ван Гог. Во рамки на проектот на психологот во градинката „Емоции мои во различни бои“ групата Бубамари, објект Први стапки, се запозна со авторските дела на уметникот, меѓу кои е и уметничкото дело „Ѕвездена ноќ“. Работилницата вклучи активности за емоции инспирирана од бурата на идеи на децата како и ликовни активности со различни техники. Истовремено проектот на групата „Моите чудни прашања“ им овозможи виртуелна прошетка низ музејот на Ван Гог во Амстердам. Прекрасно доживување, интересни информации, многу забава и воодушевување.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк: