Го запознав мојот град Скопје

Како заокружување на проектот „Скопје е мојот град“ децата од групата Мечиња, објект Први стапки на последниот ден од месец мај ја посетија Сител телевизија каде се запознаа со телевизиската медумска работа. Благодарност до новинарката Г-ѓа Наташа Мерсовска која го овозможи ова незаборавно дружење.
По прошетка низ Градскиот парк се оствари посета на Природно-научниот музеј и Зоолошката градина. Децата со позитивни впечатоци и импресии од посетените убавини и богатства на градот Скопје се поттикнаа да искажуваат радост и задоволство од успешно завршената работа.