Нов објект
Чет, 31/8/2023
Денес во нашата градинкa, во рамките на објектот “Први стапки", се отвори нов објект, со нови 4 занимални со што ќе се зголеми капацитетот за 100 деца, а најмалите Карпошани ќе бидат згрижени во најсовремени услови.
Овој нов објект свечено беше пуштен во употреба денес, во присуство на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Карпош Стефчо Јакимовски.
Ова е единаесеттиот објект изграден како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска Банка.