Мали деца, големи срца

По повод Детската недела, децата од нашата градинка беа во организирана посета на Општина Карпош, ОУ ”Вера Циривири Трена” и ОУ ”Петар Поп Арсов”. Постери изработени од вредните детски раце за нивните права, им беа дадени на возрасните, да ги потсетат дека иако се мали сепак имаат свои права и одговорности.